https://www.facebook.com/ViktorVeledVagyunk/photos/1375515825850068

27.10.2023 Скопје

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека е горд на неговите контакти со рускиот претседател Владимир Путин, со кој се сретна во Кина овој месец, и покрај напорите на Европската унија да ја изолира Москва поради нејзината војна против Украина.

Орбан ова го изјави по пристигнувањето на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, кога нагласи дека тоа го направил затоа што сака да направи се за да постигне мир.

Тој привлече критики за неговите разговори со Путин, кои неодамна беа организирани со голема помпа на маргините на форумот „Појас и пат“ во Пекинг.

„Би сакале да направиме се за да има мир и затоа ги држиме отворени сите линии на комуникација со Русите, бидејќи во спротивно нема да има шанси за мир“, рече Орбан.

Тој рече дека ова е стратегија со која Унгарија се гордее.

„Ние сме единствените кои зборуваме во име на мирот, што би било во интерес на сите во Европа“, изјави унгарскиот премиер.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author