chovek vo gaza

13.10.2023 Скопје

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации, Стефан Дижарик, изјави дека повеќе од 338.000 Палестинци се раселени поради конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Дижарик истакна дека речиси 218.000 од нив се во засолништа во 92 училишта управувани од Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНВРА).

Според Обединетите нации, најмалку 88 образовни објекти, вклучително и 18 училишта на УНРВА и 70 училишта на палестинската управа, беа погодени во воздушните напади на израелските сили по нападот на палестинската милитантна група Хамас.

Дижарик изјави дека шести ден по ред повеќе од 600.000 деца во Појасот Газа немаат пристап до образование.

УНРВА соопшти дека 12 нејзини вработени биле убиени од 7 октомври.

ОН предупредија дека ситуацијата во Газа продолжува да се влошува бидејќи хуманитарните организации не можат да достават помош до Појасот Газа.

Подготвено од М.Д.

About Author