delfini brazill

02.10.2023 Скопје

Институтот Мамирауа, истражувачки објект под покровителство на Министерството за наука, соопшти дека се пронајдени повеќе од сто делфини во Бразил, а можна причина за тоа е историската суша што ја погоди земјата и рекордно високите температури на водата, кои надминаа 38 степени.

Од Институтот Мамирауа соопштија дека мртвите речни делфини се пронајдени во езерото Тефе во последните седум дена. Исто така, наведоа дека толку голем број на загинати единки е невообичаен.

„Сè уште е рано да се утврди причината за ваквата екстремна појава, но според нашите експерти, тоа секако е поврзано со сушниот период и високите температури во езерото Тефе, кои на некои места надминаа и 39 Целзиусови степени“, соопштија од Институтот.

Активистите и истражувачите се обидуваат да ги спасат преживеаните делфини, преместувајќи ги од лагуните и езерата до главниот поток каде што водата е поладна

„Префрлањето на речните делфини во други реки не е безбедно бидејќи е неопходно да се проверат токсините и вирусите кои се присутни пред да се ослободат животните“, изјави Андре Коелјо, истражувач од Институтот Мамирауa.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author