Image by Freepik

27.10.2023 Скопје

Германија го откажува рокот на траење на одредени намирници.

Германскиот министер за земјоделство Џем Оздемир се одлучил на овој потег, затоа што сака да ја намали количината на храна што се фрла.

„Best by“ (германски: Mindesthaltbarkeitsdatum – MHD) збунува многумина од нас. Поради ова, многу храна се фрла иако се уште може да се јаде. Џем Оздемир, германскиот министер за храна и земјоделство, сега сака да го укине рокот – но само за одредени видови храна.

Чајот, оризот или медот имаат многу долг рок на траење. Според желбата на Оздемир, овие намирници повеќе не треба да имаат рок на траење.

„Потребна ни е обврзувачка листа на исклучоци за одредени производи кои се чуваат на полиците“, рече Оздемир.

Според него, „сосема бесмислено“ е долготрајната храна како чајот, оризот или медот да имаат рок на траење.

Оздемир смета дека е одговорност на Комисијата на ЕУ да предложи обврзувачки регулативи за Европската унија.

Според податоците на Комисијата, во ЕУ секоја година се создаваат речиси 59 милиони тони отпад од храна, што е околу 130 килограми по жител.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author