12.10.2023 Скопје

Одложен е квалификацискиот натпревар за Европското првенство меѓу репрезентацијата на Косово и селекцијата на Израел, кој беше закажан за в недела.

Во Израел од претходниот викенд траат жестоки воени конфликти кои започнаа со напад на Хамас од палестинска територија.

Сите спортски настани се одложени, во земјата е прогласена вонредна состојба, па израелските фудбалери нема да можат да го одиграат натпреварот во Приштина од седмото коло од квалификациската група И.

Во шесте одиграни кола Израел оствари учинок од три победи, две нерешени и еден пораз и е во трка со Швајцарија и Романија за едно од првите две места кои водат на ЕП 2024.

Подготвено од Д.Ц.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *