17.10.2023 Скопје
Под мотото на Суперсоничниот оркестар на Гард Нилсен (Gard Nilssen’s Supersonic Orchestra): „Ако слушаш внимателно, музиката ќе биде твоја!“, од 19 до 22 октомври во Националната опера и балет и во МКЦ ќе се одржи 42. издание на Скопскиот џез-фестивал.
Годинава во рамките на програмата распоредена во четири вечери, пред публиката ќе настапат единаесет светски етаблирани состави од САД, Европа, Бразил и од нашата земја.
Фестивалот годинава ќе го отворат норвешките џез-ѕвезди Арве Хенриксен и Јан Банг како солисти, кои заедно со перкусионистот Ингар Зак премиерно ќе го изведат делото „After the Wildfire“. Музиката е аранжирана и под диригентство на Џијан Емин за „Fame’s Institute Orchestra“, а во изведбата ќе бидат вклучени и неколку познати македонски пејачки и кавалџии.
Истата вечер во МКЦ ќе настапи култниот композитор, корнетист, пејач, поет и еклектичен ерудит Бен Ламар Геј со неговиот ансамбл.
Во продолжението ќе настапат музичари од: САД, Италија, Шведска, Словенија, Велика Британија, Шпанија, Норвешка, Данска, Полска и Бразил, како и македонскиот бенд „Кобалт код јунит“.
Во рамките на Фестивалот ќе биде доделена традиционалната Награда за најдобар млад џез-музичар во 2023 година, а ќе биде организирана и џез-работилница за деца „Jazz for Kids“.
Подготвено од А.Ѓ.