https://www.flickr.com/photos/radiosvaboda/7134682321/in/photolist-bSt7ua-H7jJq-bkqRZv-5nQMhz-2wJHas-JWMacL-AVJUkM-2m29orA-2hotb1V-2mku42x-62aGcL-um3u9i-2ekutgX-2nNb3EG-2hkGY3B-98H8aW-29LX9HQ-2nDVVBy-2jovAeb-p2zmZH-2kRNrzh-2gYJJwB-drYYcb-2mt982S-dYqzNF-e8PNG3-RmW9sB-2kRNiat-2mgL23Y-ka4poz-bFuAPr-2mgH4Hg-2jjFKHA-2kRP8Te-6egoj-p8w4Zc-bFKhf8-2kRMV9g-2nkmdsv-xtXPYG-bGCBTz-2kRP99e-Tq5daQ-2mKEWZ8-2mt3PZu-QQRfrn-ph6PTX-U5Q9fc-WJeVf9-byhNP6

26.10.2023 Скопје

Бундестагот го усвои предлог-законот на Министерството за транспорт со кој се воведува дополнителен данок на CO2 покрај постојната патарина на 1 декември.

Со овој предлог-закон се зголемуваат патарините за камиони на германските автопати.

Износот на данокот на CO2 зависи од тежината на возилото и од класификацијата на штетните емисии на гасови. Има пет класи, од кои првата е најлоша, а петтата најдобра и се однесува на електрични или водородни возила, кои се ослободени од оваа такса до крајот на 2025 година.

Од 1 јули 2024 година наплатата на патарините ќе важи и за помалите транспортери со тежина над 3,5 тони. Досега плаќањето на таа такса се однесуваше на возила од 7,5 тони па нагоре. Сепак, возилата на занаетчиските компании треба да бидат изземени од тоа правило.

Од 2024 до 2027 година се очекуваат дополнителни приходи од 30,5 милијарди евра од новите даноци. Половина од приходите од патарините треба да продолжат да се наменети за подобрување на федералната инфраструктура на автопатот, додека остатокот најмногу ќе биде насочен кон железничката мрежа.

Во Србија, како што пишуваше „Нова економија“ во март годинава, Владата на Србија донесе одлука за зголемување на патарините за 14 отсто за оние кои не плаќаат такса за користење на автопатот преку електронски уреди за наплата, ЕНП.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author