25.10.2023 Скопје
Денес, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, беше во посета на ЈКП „Гази Баба“, каде што имаше средба со сезонските работници.
Како што информираат од Општината, на средбата градоначалникот Стефковски ги информирал сезонските работници за новото зголемување на платите.
Градоначалникот Стефковски за посетата објави на својата официјална страница на „Фејсбук“.
„Ова е трето покачување на платите на сезонските работници, кои се грижат за комуналната хигиена во општината Гази Баба од моето доаѓање за градоначалник. Во 2021 година работниците примаа плата во висина од 14.500 денари, а со ова покачување платата ќе им изнесува 19.000 денари“, вели градоначалникот.
Подготвено од М.Д.