https://www.flickr.com/photos/137155689@N07/22655871124/in/photolist-Aw2gaE-9s5KZ9-2nb8q3c-2jfxT2C-XdDrbZ-2hMwX8Q-fxz5fw-6SbofX-ppv4nf-2dFvirL-e395h9-rzFknx-cB788L-5nU4w2-dXF5XN-e395mQ-cB71ZL-cB768Q-cB75zw-5nYiyq-cAQqaL-5nYiKQ-cAQoz3-5nYk1Y-6sv6hD-ewzzRw-e395q1-5nU4Tp-e395uQ-oKES5L-e395s1-ewwsdF-2miZ6D5-cUk4ns-cUk44Y-5nU4NX-5nU4Fi-5nYj2Q-cUk4e1-dJkzoT-5nYjmG-2gJagy7-5nYjfN-5nYhZ1-4UZdqM-5nU4Qv-DEgX7u-amPTkr-cUk3UC-5nYiCh

10.10.2023 Скопје

Цените на суровата нафта утринава пораснаа за повеќе од четири долари за барел поради продолжувањето на борбите меѓу палестинската милитантна група Хамас и Израел.

Суровата нафта брент во утринското тргување на азиските пазари се продаваше за речиси 88 долари за барел, а американската нафта WTI за 86 долари за барел, што е зголемување за повеќе од три отсто во однос на цената што беше актуелна на затворањето на берзите во петокот.

Порастот на цената на нафтата уследи по најголемиот напад врз Израел во изминатите години, откако милитантите на Хамас влегоа во земјата по копно, море, па дури и од воздух во раните утрински часови во саботата и ги нападнаа израелските градови.

Цените на нафтата брзо реагираа на влошената безбедност на Блискиот Исток и најверојатно ќе останат чувствителни на промените.

Аналитичарите на банкарската групација Голдман Сакс сметаат дека последните настани би можеле да го одложат нормализацијата на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author