31.10.2023 Скопје
Во Њујорк се одржа итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за хуманитарната криза во Појасот Газа, која беше свикана на барање на Обединетите Арапски Емирати и Кина.
Првиот човек на Агенцијата за помош и работа на ОН за палестинските бегалци (UNRWA) Филип Лазарини говореше дека нивото на уништување низ Газа е без преседан и дека „човечката трагедија што се одвива под наша стража е неподнослива“.
Лазарини додаде дека „и покрај тоа што израелските власти рекоа на половина од населението во Газа да се евакуира на југ, значителен број жители на Газа беа убиени додека бараа засолниште“.
„Многу пати кажав и ќе кажам: ниту едно место не е безбедно во Газа“, рече шефот на УНРВА, додавајќи дека „присилното раселување“ оставило повеќе од 670.000 луѓе во преполнети училишта и подруми.
Подготвено од А.Ѓ.