26.10.2023 Скопје
Русија и Кина ставија вето на американската резолуција за ситуацијата во Израел и Газа во Советот за безбедност на Обединетите нации, по што рускиот нацрт беше отфрлен и од САД и Велика Британија.
Американската нацрт-резолуција имаше за цел да ја реши хуманитарната криза во Газа со повикување на прекин на огнот за да се овозможи пристигнување на хуманитарна помош.
Против американската резолуција, покрај Кина и Русија, беа и Обединетите Арапски Емирати, додека 10 членови на СБ гласаа за, а Мозамбик и Бразил беа воздржани.
Советот за безбедност на ОН не ја прифати руската нацрт-резолуција за ситуацијата околу Израел и Појасот Газа, со која се бара итен прекин на огнот.
Документот ги зема предвид и елементите на бразилскиот нацрт кој не беше усвоен минатата недела поради противењето на САД.
Рускиот нацрт не ги доби ни потребните девет гласа. Четири земји гласаа „за“ – Кина, Русија, Гана и ОАЕ, две постојани членки на СБ – САД и Британија – беа „против“, а девет беа „воздржани“.
Руската нацрт-резолуција конкретно повика на итен, одржлив прекин на огнот и го осудува нападот на Хамас на 7 октомври, како и неселективните напади врз цивилите и цивилната инфраструктура во Газа.
Во текстот се бара итно откажување на наредбата за преместување на жителите на Газа на југ од Појасот.
Покрај тоа, таа исто така содржеше покана за организирање хуманитарни паузи и премин. Рускиот нацрт, исто така, повика на итно и безусловно ослободување на цивилните заложници.
Минатата недела Вашингтон усвои нацрт-резолуција за ситуацијата околу Израел и Палестинците во Советот за безбедност на ОН.
Таа ги осуди акциите на Хамас и го призна правото на Тел Авив на самоодбрана, но не повика на прекин на огнот. Покрај тоа, таа зборуваше и за потребата од итно и безусловно ослободување на заложниците.
Во документот се повикува и на почитување на меѓународното хуманитарно право, вклучувајќи ја и заштитата на цивилите.
Подготвено од М.Д.