izrael netanjahu

26.10.2023 Скопје

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека Израел подготвува копнена инвазија на Газа, но одби да даде какви било детали за времето или други информации за операцијата.

„Нема да елаборирам кога, како и колку. Нема да елаборирам ниту за различните пресметки што ги правиме, а кои јавноста главно не се запознаени и така треба да биде“, рече Нетанјаху.

Тој посочи дека одлуката за тоа кога силите ќе влезат во палестинската енклава, која е под контрола на исламистичкото движење Хамас, ќе ја донесе специјалниот воен кабинет на владата, во кој членува лидерот на една од центристичките опозициски партии.

„Веќе убивме илјадници терористи и ова е само почеток“, рече Нетанјаху.

Израел постојано го бомбардираше густо населениот Појас Газа по нападот на Хамас на 7 октомври врз израелските заедници во кој загинаа околу 1.400 луѓе.

Според Министерството за здравство на Газа, во бомбардирањето загинале повеќе од 6.500 Палестинци.

Нетанјаху, кој досега не ја презеде одговорноста за безбедносните пропусти што доведоа до нападот на Хамас, рече дека сите инволвирани ќе одговараат.

„Овој скандал ќе биде целосно истражен. Сите ќе одговараат, вклучително и јас. Но, сето тоа ќе се случи по војната“, рече израелскиот премиер.

Подготвено од М.Д.

About Author