12.10.2023 Скопје
Министрите за одбрана на НАТО го повикаа палестинското движење Хамас веднаш да ги ослободи сите затвореници и да го признае правото на Израел на „пропорционална самоодбрана“, се вели во соопштението на Алијансата.
Во соопштението се нагласува дека ниту една земја или организација не треба да се обидува да ја искористи или ескалира ситуацијата.
„Сојузниците ја изразија својата солидарност со Израел, ставајќи до знаење дека Израелците имаат право пропорционално да се бранат од овие неоправдани терористички акти. Тие го повикаа Хамас веднаш да ги ослободи сите заложници и да ги заштити цивилите колку што е можно повеќе“, се нагласува во соопштението.
Подготвено од Д.Ц.