30.10.2023 Скопје

Утрово градоначалникот Бобан Стефковски беше во ООУ “Кирил и Методиј” во населеното место Стајковци каде што наставата започна со интонација на химната на Република Северна Македонија.

„Преку интонација на химната кај дечињата уште од најмали нозе да ја градиме почитта и љубовта кон својата татковина“, изјави Стефковски.

Градоначалникот Стефковски истакна дека сите заедно треба да работиме во насока на подигнување на чувството и почитта кон химната и знамето на Република Северна Македонија како репрезенти и симболи на државноста на нашата земја.

Одлуката за интонација на химната на Република Северна Македонија на почетокот на наставата секој понеделник ја донесе Советот на Општина Гази Баба на последната седница.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *