13.10.2023 Скопје
Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, истакна дека наставата без мобилни телефони ќе придонесе да се зголеми квалитетот на образовниот процес и за таа цел „од денес во сите општински основни училишта на територија на општина Гази Баба се воспоставува настава без мобилни телефони“.
„Сите основни училишта извршија набавка на специјално изработени џебови кои се поставени во секоја училница“, додаде Стефковски.
Воедно, секој ученик на почеток на секој час ќе го остава својот мобилен телефон во џебот на кој е испишан бројот на ученикот од дневникот.
Подготвено од Д.Ц.