voeni sili kenija

03.10.2023 Скопје

Кенискиот претседател Вилијам Руто денеска ја поздрави резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.

Таа резолуција овластува испраќање мултинационални воени сили предводени од Кенија да се борат против бандите на Хаити.

Синоќа, за прв пат по речиси 20 години насилство на Хаити, ОН одлучија таму да испратат воени сили бидејќи во таа земја драстично е зголемен бројот на убиства, киднапирања и силувања извршени од банди.

Гласањето во Советот за безбедност на ОН дојде речиси една година откако владата на Хаити побара итно распоредување на вооружени сили за да се спречи насилството на бандите и да се врати безбедноста што долго време спречуваше дури и одржување на избори.

Резолуцијата подготвена од САД и Еквадор овластува едногодишно распоредување на силите што треба да се платат со доброволни прилози, а САД ветија до 200 милиони долари.

Кенија понуди да ја води мисијата на Хаити, што беше прифатено, иако нејзините полициски сили долго време беа обвинети за корупција, употреба на смртоносна сила, тортура и други злоупотреби.

Засега не е јасно колкав ќе биде контингентот војници, но Владата на Кенија претходно зборуваше за 1.000, а не се знае кога ќе заминат на Хаити, иако тоа се очекува наскоро.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author