05.10.2023 Скопје
Мистериозната мумија „Stoneman Willie“ или „Kameni Vili“ конечно ќе биде погребана, а според американските медиуми, откриен е вистинскиот идентитет на човекот чие тело е по грешка мумифицирано и стана една од најпознатите мумии во САД.
Со години, мумијата, која ја нарекоа Стоунмен Вил, беше изложена како туристичка атракција на погребната куќа и стана симбол на градот Рајдинг, Пенсилванија, и често беше дел од парадите за славење во градот.
Неидентификуваниот маж бил алкохоличар кој починал во затвор откако му откажал црниот дроб на 19 ноември 1895 година.
„Бидејќи никој не дошол да го собере телото, гробарот одлучил да го балсамира телото додека не се најде неговото семејство кое никогаш не се појавило. Погребалното претпријатие добило дозвола од државата да го чува телото, со цел да го следи понатамошниот процес на балсамирање. Не знаејќи ја рамнотежата на хемикалиите што денес ги знаеме, Вили почна да мумифицира за неколку недели. И мислам дека во рок од шест месеци тој беше речиси целосно мумифициран“, рече Кајл Бланкенбилер, директор на Погребниот дом на Ауман.
Тој додава дека Вили конечно ќе го има заслужениот погреб, а со помош на современи технологии и историски документи е откриен неговиот вистински идентитет.
Во сабота, кога ќе се одржи погребот, граѓаните на Ридинг конечно ќе го дознаат вистинскиот идентитет на човекот кој стана симбол на овој мал град во Пенсилванија.
„Не го нарекуваме мумија, тој е нашиот пријател Вили, кој стана еден вид симбол и дел од легендите на градот Рајдинг“, истакна Бланкенбилер.
Подготвено од А.Ѓ.