sinagoga

12.10.2023 Скопје

Синагогата Kadoorie Mekor Haim во португалскиот град Порто, најголемото еврејско место за богослужба на Пиринејскиот Полуостров, беше цел на вандали по нападите на Хамас врз Израел.

Еврејската заедница во Порто рече дека синагогата во средата била покриена со графити, вклучувајќи ги и паролите „Слободна Палестина“ и „Крај на израелскиот апартхејд“.

„Најголемата еврејска синагога на Пиринејскиот Полуостров денеска беше цел на вандали“, се вели во соопштението.

„Оние кои не ги сакаат Евреите ја изразија својата омраза кон локалните Евреи. Графитот подоцна беше отстранет.

Подготвено од М.Д.

About Author