12.10.2023 Скопје
Најголемата болница во Појасот Газа „Ал Шифа“ има само доволно гориво за да обезбеди електрична енергија три дена, соопштија палестинските власти.
Официјални лица рекоа дека болницата исто така снема антибиотици, хируршка опрема и други клучни медицински материјали.
Бројот на загинати од израелските воздушни напади во Појасот Газа достигна 1.200.
Израелските власти претходно најавија целосна блокада на Појасот Газа кога станува збор за испорака на вода, гориво и електрична енергија.
Последните судири започнаа откако милитантите на Хамас извршија ракетен напад врз Израел во саботата, 7 октомври.
Подготвено од А.Ѓ.