https://www.flickr.com/photos/80038275@N00/29741491182/in/photolist-Mj9V9J-Mj9Udq-QDg19E-W2qwhY-Rjaeqo-2g2VLXS-Rgfcri-CTAWey-2ggvjdQ-2k3FQxw-REMvuM-N6vomm-QQ7gpJ-N6vouC-QQ7gyS-2ggv7Q2-RkZzjS-2kaFmZR-QtdsTC-2biTaDo-2cYLTpi-R8swU7-2ksGY9V-2d8g2vD-2cSN5A1-2ksM4s6-2ew2ByX-XFNqQW-2auWoSw-Mj9TcY-2cgGJvy-2cafboA-2aaDzD3-2bZ4Kor-2dqMN56-R8LPAC-2bnhqLg-2ePzzBz-NQvjVD-2ew2BJr-2eJXAGC-PvmxBz-2a6WT1D-2ePzvki-2ePzv2H-2cSN5Y5-2ePzvai-RaW8Mh-2cSN65h-24Cog6M

17.10.2023 Скопје

Американскиот окружен судија Тања Чаткан му забрани на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да ги коментира обвинителот, судскиот персонал и потенцијалните сведоци во кривичната постапка против него поради сомневање дека се обидел да го промени исходот од претседателските избори.

Чаткан ги посочи објавите на Трамп на социјалните мрежи, наведувајќи дека не може да му дозволи на поранешниот американски претседател да го стори тоа.

„Никој од обвинетите не смеел да го стори тоа, нема да го дозволам ниту сега“, рече Чаткан.

Судската одлука уследи по двочасовното рочиште за време на кое судијата го испрашува адвокатот за неодамнешните објави на Трамп на социјалните мрежи во кои тој го нарече обвинителот Џек Смит „насилник“, а градот Вашингтон „гнасен срам исполнет со криминал“.

„Не е работата дали ми се допаѓа терминологијата што ја користи господинот Трамп, туку тоа се термини кои претставуваат опасност за спроведувањето на правдата“, истакна Чаткан.

Адвокатот на Трамп, Џон Лауро, се спротивстави на барањето за забрана на постовите на Трамп, тврдејќи дека тоа е цензура за време на кампањата за претседателските избори.

Тој најави дека Трамп веднаш ќе се жали на одлуката со која се ограничуваат неговите јавни изјави.

Подготвено од Д.Ц.

About Author