protest zheni island

24.10.2023 Скопје

Катрин Јакобсдотир, премиерката на Исланд, се приклучи на штрајкот на жените во таа земја со цел да се бори против родовото насилство и да стави крај на практиката жените да бидат помалку платени на работните места од мажите.

Таа рече дека ќе остане дома како дел од „женскиот слободен ден“ и очекува сите жени во нејзиниот кабинет да го сторат истото.

„Сè уште не ги постигнавме нашите цели за целосна родова еднаквост и борбата против родовиот јаз во платите сè уште трае, што е неприфатливо во 2023 година. Сè уште се бориме против родовото насилство, што е приоритет на владата“, рече Јакобсдотир.

Организаторите на штрајкот ги повикаа жените да одбијат да работат, како на платени така и на неплатени работни места.

Овој штрајк е најголем од 24 октомври 1975 година, кога 90 отсто од жените во Исланд одбиле да работат, чистат или да се грижат за деца, за да го изразат својот гнев поради дискриминацијата на работното место.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author