16.10.2023 Скопје

Дороти Хефнер (104) од Чикаго се надева дека ќе добие сертификат како најстарата личност која некогаш скокнала со падобран по тандем скок кога слетала на аеродром во северен Илиноис.

Годините се само бројка“, изјави таа на воодушевената толпа веднаш откако слета на аеродромот за падобранци во градот Отава, на околу 140 километри од Чикаго.

Рекордот за најстар падобранец на светот во Гинисовата книга на рекорди во мај 2022 година го постави 103-годишната Линеа Ингегард Ларсон од Шведска.

Сепак, Skydive Chicago Airport сака скокот на Хефнер да биде поставен како нов светски рекорд.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *