25.10.2023 Скопје
Македонскиот народен театар вечер на сцената „Бора Станковиќ“ во Врање ќе ја одигра претставата „Народен непријател“, по текст на Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ. МНТ е дел од овогодишниот XLII интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани“, на покана од селекторот на фестивалот Слободан Савиќ (театарски критичар и уредник на РТС), каде што во официјалната програма од селектирани 70 претстави, одбрана е и претставата „Народен непријател“.
Фестивалска програма ќе трае од 21 до 28 октомври под слоганот „Театарот во трауматизираното општество“, а ќе учествуваат и театарски куќи од Србија, Хрватска и од Романија.
Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски.
Подготвено од А.Ѓ.