31.10.2023 Скопје
Во последниот случај кога помала компанија тужи интернет гигант поради наводна употреба на име со заштитен знак, британскиот развивач на софтвер Threads Software Limited официјално ја извести Мета Платформи дека има 30 дена да престане да го користи името Threads за својата социјална мрежа во Обединетото Кралство.
Доколку „Мета платформи“, матичната компанија на „Фејсбук“, продолжи да го користи ова име и по истекот на рокот, „Threads Software Limited“ ќе преземе правни мерки.
„Threads“ е систем базиран на облак кој го олеснува организирањето на дигитални пораки, е-пошта и телефонски повици во единствена база на податоци што може да се пребарува.
Оваа услуга е развиена од компанијата „JPY Ltd“ во 2012 година, а во тоа време тие наводно го штителе името „Threads“. Откако ја постигнаа својата прва комерцијална продажба во Соединетите Американски Држави во 2018 година, „JPY Ltd“ основа нова компанија „Threads Software Limited“, која досега го лиценцираше софтверот на речиси илјада организации ширум светот. Продажбата на овој софтвер расте со стапка од 200 отсто годишно, тврдат тие.
Излегува дека компанијата „Мета“ била свесна за постоењето на „Threads Software“ пред да ја лансира својата платформа под истото име. Адвокатите на гигантот четири пати се обидоа да го купат доменот „threads.app“ од „Threads Software Limited“, но сите понуди беа одбиени.
Мета ја лансираше својата платформа Threads во јули 2023 година, истиот месец кога британската фирма беше отстранета од Facebook, тврдат тие.
„Конфликтот со компанија вредна 150 милијарди долари не е лесен чекор за нас. Инвестиравме 10 години во нашата платформа, воспоставувајќи препознатлив бренд наречен „Threads“. Нашиот бизнис сега се соочува со сериозна закана од една од најголемите технологии компании во светот“, изјави д-р Џон Јардли, директор на Threads Software Limited.
Тој исто така рече: „Признаваме дека ова е класичен конфликт на Давид и Голијат. Иако можеби мислат дека можат да користат кое било име што сакаат, немаат право да го користат името „Тридс“ како бренд“.
Ова не е прв пат „Мета“ да се соочи со слични проблеми. Кога го сменила името, лани имало и тужба од компанијата „МетаХ“ за прекршување на заштитен знак.
Подготвено од А.Ѓ.