26.10.2023 Скопје
Нето приходот на компанијата „Мета“ во трите квартали од 2023 година е зголемен за 35,2 отсто на 25,081 милијарди долари во однос на истиот период лани, се наведува во објавениот извештај за третиот квартал.
Во извештајот се вели дека заработката по акција на обичните акции од класа А и класа Б била 9,56 долари, во споредба со 6,82 долари минатата година.
Според текстот на извештајот, нето приходот на „Мета“, кој е сопственик на „Фејсбук“, само во третиот квартал се зголемил повеќе од двојно на 11,583 милијарди долари, додека вкупниот приход е зголемен за 23,2 отсто на 34,146 милијарди долари. .
Во документот се посочува дека „Мета“ објави дека бројот на дневни активни корисници на „Фејсбук“ е зголемен за пет отсто во третиот квартал во однос на претходната година, на 2,09 милијарди луѓе, а бројот на месечни активни корисници за три отсто, до 3,05 милијарди.
„Мета очекува капиталните расходи за целата 2024 година да бидат во опсег од 30 до 35 милијарди долари и дека инфраструктурните трошоци следната година ќе бидат повисоки поради, меѓу другото, зголемените капитални инвестиции на компанијата и зголемените трошоци за амортизација“, се наведува во извештајот.
Подготвено од А.Ѓ.