31.10.2023 Скопје

Лионел Меси ја освои својата осма Златна топка и со тоа речиси сигурно го реши прашањето кој е најдобриот фудбалер на сите времиња.

Некаде се претпоставуваше дека епилогот ќе биде ваков во моментот кога Ерлинг Халанд ја доби наградата за најдобар стрелец, а токму Норвежанецот беше главниот противник кој му застана на патот на Меси и новата награда.

Трет беше Французинот Килијан Мбапе, кој, се чини, наскоро ќе мора да ја промени средината доколку сака да оствари позначајни почести во кариерата, бидејќи останувањето во ПСЖ не гарантира многу.

Четврти беше Кевин де Брујн, а првата петорка ја комплетира уште еден играч на Манчестер Сити – Шпанецот Родри.

Меси сега има осум „Златни топки“. Кристијано Роналдо стигна до пет, а Марко Ван Бастен, Мишел Платини и Јохан Кројф имаат по три.

Подготвено од Д.Ц.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *