27.10.2023 Скопје
Џорџија Мелони, премиерката на Италија, изјави дека Белград и Приштина треба да преземат чекори во однос на имплементацијата на потпишаните договори.
„Се обидуваме да најдеме решение. Побаравме од двајцата лидери да преземат чекори за спроведување на потпишаните договори“, изјави Мелони за новинарите во Брисел по одвоените средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на приштинските привремени институции, Албин Курти, на кои присуствуваше и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, Жозеп Борел, специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, канцеларот на Германија Олаф Шолц и претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Говорејќи за ситуацијата на Блискиот Исток, премиерката Мелони рече дека за да се победи палестинската милитантна група Хамас, неопходно е да им се даде поголема тежина на палестинските власти.
„Тоа е улога што Европа може да ја игра“, рече Мелони.
Таа посочи дека за земји како Тунис и Египет не може да се разговара со патерналистички пристап.
„Ако одлучите да зборувате за стратешко партнерство, треба да покажете почит“, рече Мелони.
Високиот комесар на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Бореч претходно изјави дека единственото решение може да се најде преку дијалог меѓу Белград и Приштина.
Подготвено од М.Д.