18.10.2023 Скопје
Фудбалерот на ПСЖ и француски репрезентативец Килијан Мбапе на почетокот на следната година ќе започне преговори со Реал околу трансфер во мадридскиот клуб.
Мбапе има договор со францускиот шампион до крајот на сезоната. Во текот на летото тој одби да ја продолжи соработката со клубот од Париз, а одби и неколку понуди кои ги имаше од Саудиска Арабија.
Најдобриот фудбалер на „светците“ во јануари ќе има можност да преговара со сите заинтересирани клубови, бидејќи неговиот договор со ПСЖ истекува во јуни 2024 година.
Шпанските медиуми пренесуваат дека претседателот на Реал, Флорентино Перез е решен за време на неговиот мандат да го доведе во мадридскиот клуб еден од најдобрите светски фудбалери. Тој дури е подготвен да ангажира тренер на крајот од сезоната кој би му се допаднал на францускиот напаѓач, откако италијанскиот стручњак Карло Анчелоти сигурно ќе го напушти Реал. Клубот од Мадрид неколку пати претходно сакаше да ја ангажира француската ѕвезда, но не беше постигнат договор.
Мбапе е член на ПСЖ од 2017 година, а за клубот од Париз одигра 269 натпревари и постигна 220 голови. Сезонава погоди осум пати на девет натпревари.
Подготвено од М.Д.