https://www.facebook.com/EmmanuelMacron/photos/pb.100044157757824.-2207520000./2995193274046572/?type=3

17.10.2023 Скопје

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, вчеравечер изјави дека Европа е потресена, а по повод пукањето во Брисел во кое загинаа двајца шведски државјани.

Макрон додаде дека станува збор за „исламистички терористички напад“.

Пукањето се случило во центарот на Брисел, а напаѓачот се уште е во бегство.

Според локалните медиуми, белгиските безбедносни служби имаат видео на кое осомничениот изјавил дека е припадник на Исламската држава, но автентичноста на видеото се уште не е потврдена.

Подготвено од М.Д.

About Author