09.10.2023 Скопје
„Целосната војна на Русија против Украина е од егзистенцијално значење за Европа, така што Европејците не можат да си дозволат да не ја добијат заедно со Украина“, истакна украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
Кулеба рече дека во Европа преовладува наративот за долгорочна поддршка за Украина „колку што е потребно“ за победа.
„Ова беше кажано и од Жозеп Борел, високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, и од министрите. За Европа, ова е егзистенцијална војна. Европејците разбираат – тоа е и за нив. Тие не можат да си дозволат да не победиме заедно со Украина во оваа војна.Ова ќе биде крај на Европа ако Украина загуби“, смета Кулеба.
Каја Калас, премиерка на Естонија, смета дека сојузниците треба да го издржат тестот на времето во прашањето за помош на Украина, бидејќи сега Кремљ смета на „воен замор“.
Исто така, Габриелиус Ландсбергис, министерот за надворешни работи на Литванија, неодамна истакна дека светот не може да си дозволи да биде „уморен“ од војната.
Подготвено од Д.Ц.