27.10.2023 Скопје
Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да делегира свој претставник во работната група во Министерството за правда, каде меѓу другото ќе се разговара и за датумот за одржување на изборите идната година.
„Се друго би било вонинституционално договарање“, истакна Ковачевски.
Ковачевски на опозициската политичка партија ВМРО-ДПМНЕ и порача дека датуми за избори не се договараат на аеродроми, како што тоа се случувало порано.
Во текот на вчерашниот ден, Талат Џафери им даде рок на политичките партии да се договорат околу датумот за претседателските избори до Нова Година, за да испочитуваат законските рокови.
За датумот на парламентарните извори, партиите ќе имаат дополнителен простор за усогласување на позициите.
Подготвено од М.Д.