25.10.2023 Скопје
Познатиот трговски моден синџир Hallhuber, чие седиште е во Минхен, се соочува со банкрот и може да ги затвори сите 60 продавници во Германија, Австрија и Швајцарија.
Компанијата е во стечајна постапка од крајот на мај, но планираното преструктуирање не успеа.
Hallhuber ги раскинал сите 130 договори за закуп на своите продавници во Германија, Австрија и Швајцарија, а во моментов се уште се отворени околу 60 локации. До крајот на октомври компанијата би можела да ги затвори преостанатите 60 продавници.
Продажбата е веќе во тек во филијалите во Хамбург, а продавниците ќе се затворат последниот викенд во октомври.
На излозите има плакати на кои пишува „Ја затвораме експозитурата“ и „Уште само 7 дена“.
Договори со стари и нови инвеститори се уште не се постигнати. Сега, според сите сметки, бизнисот е на работ да згасне. Не е јасно дали брендот Hallhuber ќе продолжи да постои по затворањето на продавниците.
Подготвено од А.Ѓ.