06.10.2023 Скопје
За одредени состојби предизвикани од хормонална нерамнотежа, симптомите може да бидат многу различни, но сепак е можно да се препознаат некои специфични индикатори.
Еден од најчестите здравствени проблеми кај жените е предизвикан од проблеми со лачењето на хормоните. Хормоналната нерамнотежа е состојба која погодува сè поголем број жени и е главната причина за многу женски болести.
Иако некои симптоми на хормонална нерамнотежа можат да бидат многу изразени, некои жени се соочуваат со многу проблеми додека не ја откријат вистинската причина. Тогаш излегува дека телото не лачи доволно (или лачи премногу) хормони кои се клучни за доброто здравје на жената.
Сите овие хормони ги произведуваат жлездите со внатрешно лачење: хипофизата, панкреасот, тироидната жлезда, надбубрежните жлезди и јајниците. Премногу високи или ниски нивоа на хормони како што се естроген, прогестерон, машки полов хормон, инсулин, адреналин и кортизол директно влијаат на работата на целиот организам и со текот на времето може да доведат до сериозни здравствени проблеми.
Па, како да знаете кои се симптомите на хормоналната нерамнотежа? Некои од најчестите индикатори може да бидат: неправилни циклуси; промени во апетитот; анксиозност и депресија; ненадејно зголемување или губење на тежината; намалено либидо; несоница; замор; дигестивни проблеми; појава на акни; неплодност.
Кои симптоми ќе бидат најизразени зависи и од хормоните кои не се во соодветна рамнотежа. За одредени состојби предизвикани од хормонална нерамнотежа, симптомите може да бидат многу различни, но сепак е можно да се препознаат некои специфични индикатори.
Подготвено од А.Ѓ.