19.10.2023 Скопје
Во процесот на слабеење, конзистентноста е клучна, така што времето кога појадуваме, ручаме и вечераме исто така игра улога. Ако не сте сигурни во кое време е најдобро да ручате, еве го одговорот.
„Важно е што јадеме за ручек, но треба да се земат предвид и метаболизмот и деноноќниот ритам“, вели д-р Река Б. Кумар.
Таа истакна дека најдобро е да ручате помеѓу 10 и 14 часот, односно четири до пет часа по појадокот, кога нивото на шеќер во крвта е стабилно. Доколку појадувате околу 8 часот, најдобро би било да ручате околу 12 или 13 часот.
Една неодамнешна студија на Northwestern Medicine ја поддржува оваа методологија, наведувајќи дека времето за вечера треба да го следи истиот распоред како и вашите претходни оброци, осигурувајќи се дека нема повеќе од четири до пет часа помеѓу ручекот и вечерата.
„Ако ви треба ужина за да ве засити до следниот оброк, контролирајте ја големината на порцијата за да избегнете прејадување. И обидете се да јадете нешто со протеини, како половина шолја урда со боровинки или една рака бадеми со малку масно сирење“, советувала докторката.
Подготвено од А.Ѓ.