21.10.2023 Скопје

Камионите натоварени со хуманитарна помош влегоа денеска во опколениот Појас Газа преку преминот Рафах.

Камиони со лекови беа подготвени порано, а граничниот персонал беше стациониран на египетската страна на преминот, изјави извор од безбедноста и хуманитарен работник.

Информацијата за влез на камионот на палестинска територија ја потврдија и припадници на палестинската гранична служба.

Американската амбасада во Израел претходно најави дека преминот Рафах може да биде отворен во текот на денот за странците да можат да ја напуштат опколената палестинска енклава.

Амбасадата во соопштението наведува дека „добила информација“ за отворање на преминот во 10 часот по локално време, но дека не знае до кога ќе остане отворен за странски државјани.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *