24.10.2023 Скопје
Во Камерната сала на Филхармонијата утре, 25 октомври, концерт ќе одржи пијано-триото „30 прсти“. Во триото свират нашите пијанисти Весна Ангелова, Марија Вршкова и Петар Макариевски.
На програмата се дела од Жан Крас, Расим Рамазанов, Стив Рајх/Д.Боукоувалас и од македонските композитори Бете Илин и Дамјан Темков.
Подготвено од А.Ѓ.