okeannn

26.10.2023 Скопје

Истражувачите од Принстон инженеринг пронајдоа начин да ја претворат храната во нов материјал кој може евтино и ефикасно да ја отстрани солта и микропластиката од океанот.

Истражувачите ги користеле белките за да создадат аергел, лесен и порозен материјал кој може да се користи за филтрација на вода, складирање енергија и звучна и топлинска изолација.

Потпретседателот за иновации на Универзитетот Принстон, Крег Арнолд и Сузан Дод Браун, професор по механичко и воздушно инженерство и вонреден декан во Принстон, се задолжени за експериментот во Лабораторијата за иновации на Универзитетот.

Идејата за експериментот дојде за време на појадокот, кога професорот Арнолд Крег го јадеше својот сендвич со јајца.

„Додека појадував, мислев дека сендвичот го има составот кој ни е потребен, првенствено белки од јајца. Кога ќе се замрзнат, а потоа ќе се загреат на 900 степени Целзиусови, тие создаваат структура од меѓусебно поврзани синџири од јаглеродни влакна и листови од графен“, рече тој.

Врз основа на ова истражување, кое беше објавено на 24 август 2023 година, Арнолд и неговиот тим покажаа дека добиениот протеински состав може да отстрани дури 99 проценти од солта и микропластиката.

„Јајцата се одлични, лесно се добиваат и не го нарушуваат циклусот на храна во природата. Можат да се произведуваат во големи количини и се евтини“, истакна Оздем, еден од членовите на истражувачкиот тим.

Ако се прифати овој предизвик за отстранување на микропластиката од океаните и морињата, материјалот има значителни предности бидејќи е евтин за производство и енергетски ефикасен.

Патем, терминот микропластика се однесува на мали пластични честички кои се создаваат при развојот и распаѓањето на пластиката.

Овие честички можат да влезат во водата и храната, тие се многу распространети во околината, најмногу во океаните.

„Активниот јаглерод е еден од најевтините материјали што се користат за прочистување на водата. Нашите резултати во споредба со активниот јаглерод се многу подобри“, рече Шејмус Озден.

Одделите за хемиско и биолошко инженерство и геонаука во Принстон, исто така, учествуваа во истражувањето.

„Едно е да се направи нешто во лабораторија, друго е да се разбере зошто и како“, истакна Арнолд Крег.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author