zamor

24.10.2023 Скопје

Доколку во овој период од годината чувствувате недостаток на енергија и често сте поспани, а наутро повеќе би сакале да се свртите на другата страна наместо да станете од кревет кога ќе се вклучи алармот, знајте дека станува збор за есенски замор.

Експертот за спиење Лиза Артис вели дека тоа е затоа што нашата биологија работи против нас.

„Во текот на есента порано се стемнува, што значи дека мелатонин (хормонот за спиење) почнува да се произведува порано и нè прави поспани“, истакнува Лиза.

„Исто така, наутро е потемно, што го одржува споменатиот хормон на високо ниво , што не прави поспани во текот на денот. Природната светлина прави да се чувствуваме побудни и му сигнализира на нашиот внатрешен часовник дека е време да се разбудиме и престанува да произведува мелатонин. Но, ако ви е тешко да станете наутро, тогаш ставете го алармот подалеку од вас, користете некој со посилна светлина и веднаш разбудете се туширајте се со ладна вода“, додаде Лиза.

Што друго може да ни помогне да го надминеме есенскиот замор? Споменатиот експерт не советува да практикуваме добра „хигиена на спиење“, која вклучува редовно спиење и во удобен кревет. Пред спиење, проверете дали има нешто друго што треба да промените за да го подобрите спиењето.

Но, треба да знаеме и што негативно влијае на квалитетот на сонот. Алкохолот е дефинитивно лош избор. Иако може да ве натера да се чувствувате уморни и брзо да заспиете, вашиот сон нема да биде толку длабок, што значи дека нема да ви се опорави ниту умот, ниту телото, односно нема да се разбудите одморени. Мали промени во исхраната или рутината може да имаат големо влијание врз квалитетот на сонот, според Лиза.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author