Image by jcomp on Freepik

21.10.2023 Скопје

Новите податоци на Евростат и Министерството за земјоделство на земјата покажуваат дека Хрватска во септември ги имала најскапите јајца во Европската унија.

Според овие податоци, килограм јајца во Хрватска во септември чинат во просек по 2,75 евра, што е највисоко во ЕУ. Тоа е за околу 24 отсто повеќе отколку во септември минатата година.

На врвот се Австрија со 2,70 евра, Малта (2,57) и Италија (2,52 евра). Просекот на Европската Унија е 2,12 евра, што значи дека јајцата во Хрватска се за 30 отсто поскапи од просекот на ЕУ. Најевтини јајца се во Чешка (1,72 евра за килограм) и Кипар (1,73 евра).

Во 2022 година во Хрватска се произведени околу 667 милиони јајца, што е за 69 милиони помалку отколку во 2021 година. Падот затоа е поголем од 9 отсто.

Во првите седум месеци од годинава извезле околу два милиони тони јајца, а увезле околу 2,13 милиони тони. Најмногу јајца се увезуваат од Албанија, Бугарија и Полска.

Само од Албанија увезуваат стотици илјади килограми поевтини јајца годишно, а сепак ги имаат најскапите јајца во ЕУ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author