https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/b/bb/Gaza_Strip_-_Palestine.JPG

12.10.2023 Скопје

Израелскиот министер за енергетика Израел Кац денеска изјави дека Појасот Газа нема да биде снабден со струја и вода додека киднапираните од страна на палестинската милитантна група Хамас не бидат вратени во Израел.

„Хуманитарна помош за Газа? Нема да се вклучи електричен прекинувач, нема да се отвори пумпа за вода и нема да влезе камион со гориво додека киднапираните не се вратат дома“, напиша Кац на социјалната мрежа Икс (Твитер).

Тој додаде дека Израел на хуманитарноста ќе одговори со хуманитарност.

„И никој не може да ни проповеда морал“, истакна Кац.

Се проценува дека Хамас има киднапирано околу 150 луѓе, а нивниот идентитет се уште не е познат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author