12.10.2023 Скопје
Израелската војска соопшти дека се подготвува за можна копнена операција во Газа, но дека политичките лидери се уште не донеле дефинитивна одлука.
Потполковникот Ричард Хехт денеска им изјави на новинарите дека армијата се подготвува за „копнеен маневар доколку се одлучи“.
Израел повика околу 360.000 воени резервисти и се закани со невиден одговор на крвавиот масовен упад на Хамас за време на викендот.
Израел започна интензивни воздушни напади врз Газа од саботата, 7 октомври, откако милитантите истрелаа илјадници ракети врз Израел.
Подготвено од А.Ѓ.