09.10.2023 Скопје
Јоав Галант, израелскиот министер за одбрана, објави дека Израел започнува „целосна опсада“ на Газа.
„Нема струја, нема храна, нема вода, нема гориво“, изјави Галант.
Да потсетиме, по нападот на Хамас врз Израел во кој загинаа стотици цивили, израелските власти на чело со премиерот Бенјамин Нетанјаху најавија голема одмаздничка операција насочена кон Газа. По таа операција, рече Нетанјаху, Хамас повеќе нема да го контролира Појасот Газа.
Подготвено од M.Д.