24.10.2023 Скопје
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант им кажа на војниците дека Израел ќе изврши копнена офанзива во Појасот Газа, велејќи дека тоа ќе биде „смртоносен“ напад.
По обиколката на областа во близина на брегот на Газа со израелски маринци, Галант рече дека војниците треба „да останат подготвени за офанзива затоа што таа ќе дојде“.
„Се подготвуваме темелно. Тоа ќе биде смртоносен напад. Тоа ќе биде комбиниран напад од копно, море и воздух“, повтори Галант.
„Направете ја својата работа, подгответе се, ќе ве распоредиме“, додаде Галант.
Соопштението дојде набргу откако армијата се пожали дека војниците не можат да останат во целосна готовност на границата со Газа на неодредено време.
Подготвено од М.Д.