https://www.flickr.com/photos/anwar-nillufary/31342279683/in/photolist-PKBnNt-LYEBBp-bWJKD9-myknLj-6aTTuC-5USVvY-MCXpsX-cqXNG7-34ykD-88rMEi-bSUgyn-oDqNAo-dtcRrR-87FvXU-K5E6ch-myioUr-cvW1rA-Mh5RLQ-28bBkwq-uehufu-38DeYB-Yq5yZN-8iMg6x-FNvaKB-DfvZv-rf1aFc-24XwRb2-YmzNjc-3PCkfR-GiQhH6-264edeW-26fuQZd-9TK3EP-axtM8f-exX77P-9nGoxw-bWJQkG-9fWuoG-2dDeT4h-e9WbGR-9RUMYK-DaRgiK-aZrudF-27WKJf1-27QRTTq-oJzKyU-2bXUw93-k7oXsM-8Hmx2z-dnhU8M

24.10.2023 Скопје

Централната банка на Израел денеска соопшти дека одлучила да ја задржи референтната каматна стапка на 4,75 отсто.

Оваа одлука е во согласност со претходните прогнози на повеќето економисти.

Под претпоставка дека војната меѓу Израел и палестинските милитанти од Хамас ќе се концентрира на јужниот фронт во текот на четвртиот квартал од оваа година, се очекува економијата да порасне за 2,3 проценти во 2023 година и за 2,8 проценти во 2024 година, прогнозира Банката на Израел.

Ова е помалку од претходната прогноза за раст од три проценти оваа и следната година, што централната банка ја објави минатиот месец.

Војната има различни економски ефекти, како на реалната активност, така и на финансиските пазари“, се наведува во соопштението на централната банка.

Банката на Израел „се фокусира на стабилизирање на пазарот и намалување на неизвесноста, активираше програма за продажба на девизи и обезбедување ликвидност“, се додава во соопштението.

Се предвидува владиниот буџетски дефицит да се зголеми на 2,3 отсто од БДП во 2023 година и 3,5 отсто од БДП во 2024 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author