25.10.2023 Скопје
Вчеравечерта, израелската војска го одби барањето на Агенцијата на Обединетите нации да дозволи влез на гориво во блокираниот Појас Газа додека траат воздушните напади врз палестинските територии.
Портпаролот на израелската војска, Даниел Хагари, соопшти дека горивото нема да влезе во Газа, затоа што на Хамас тоа му е потребно поради неговата оперативна инфраструктура.
„Хамас може да го врати горивото што го украде од болницата на УНРВА“, додаде Хагари.
Агенцијата на ОН за палестинските бегалци (УНРВА) вчера предупреди дека активностите во Појасот Газа ќе престанат в среда навечер доколку не се достави гориво во енклавата.
„Активностите во Газа ќе бидат запрени утре доколку не добиеме гориво“, наведоа од УНРВА.
Подготвено од А.Ѓ.