izrael erusalim 2

12.10.2023 Скопје

Израелското Министерство за внатрешни работи соопшти дека изборите за локалните општински и регионални совети се одложени за најмалку три месеци, поради ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Во соопштението се потсетува дека изборите последен пат беа одложени за време на војната во 1973 година, кога Израел се бореше против коалицијата на арапските земји предводена од Египет и Сирија.

Израелските медиуми објавија дека во нападите на Хамас врз Израел загинале 1.200 луѓе, а речиси 3.000 се повредени. Не се знае судбината на 150-те заложници донесени во Појасот Газа.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека како резултат на израелските напади врз Појасот Газа загинале 1.055 Палестинци, а најмалку 5.184 се повредени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author