brisel tenzii123

18.10.2023 Скопје

Групата Исламска држава ја презеде одговорноста за вооружениот напад во понеделникот во Брисел, во кој загинаа двајца Швеѓани, велејќи дека цел на нападот била Шведска поради нејзиното членство во меѓународната коалиција која се бори против екстремистите.

Беше објаснето дека „нападот е извршен во контекст на операциите на Исламската држава против државјани на земјите од таа коалиција“.

„Борец на Исламската држава изврши напад врз шведски граѓани“, се наведува во соопштението на Исламската држава објавено преку Амак, весник на организацијата.

Двајца шведски државјани беа убиени во понеделникот вечерта во Брисел во вооружен напад во близина на центарот на градот пред квалификацискиот натпревар за Европското првенство меѓу Белгија и Шведска.

Осомничениот напаѓач починал утринава при полициска акција кога бил пронајден по претрес кој траел повеќе од 12 часа.

Подготвено од М.Д.

About Author