17.10.2023 Скопје
Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахјан изјави дека опасноста од отворање нов фронт се зголемува секој час доколку војната во Појасот Газа не престане.
„Иран не може да седи со скрстени раце и да гледа како се одвива оваа ситуација“, изјави шефот на иранската дипломатија.
Тој ова го изјави во Катар каде се сретна со високи катарски претставници и шефот на политичкото биро на палестинското милитантно движење Хамас.
Иран преговара со земјите од регионот за испраќање помош во Газа и отворање теренска болница во Египет, во близина на границата со Појасот Газа.
Подготвено од А.Ѓ.