18.10.2023 Скопје
Индискиот премиер Нарендра Моди на состанокот посветен на утврдување на плановите на земјата за истражување на вселената изјави дека Индија планира да создаде сопствена вселенска станица до 2035 година и да испрати свој астронаут на Месечината до 2040 година.
Моди рече дека врз основа на успехот на индиските вселенски иницијативи, вклучително и неодамнешните мисии Chandrayaan-3 и Aditya L1, земјата сега мора да продолжи со нови и амбициозни цели, вклучително и формирање индиска вселенска станица до 2035 година и испраќање на првиот Индиец во вселената до 2040 година.
Во соопштението се наведува дека премиерот ги охрабрил и индиските научници да работат на меѓупланетарни мисии кои би вклучиле орбитер за Венера и лендер за Марс.
За време на состанокот, индиската вселенска администрација даде сеопфатен преглед на мисијата Гаганџан со екипаж.
„Учесниците на состанокот ја оценија подготвеноста на мисијата, потврдувајќи го нејзиното започнување во 2025 година“, соопштија од кабинетот на премиерот.
Во декември 2018 година, индискиот премиер Нарендра Моди ја одобри мисијата наречена „Гаганџаан“ за независно испраќање национален екипаж во орбитата.
Леталото со екипаж го развива Индиската организација за вселенско истражување.
Уредот тежи 8,2 тони, од кои 5,3 тони е капсулата погодна за живеење. Тој е дизајниран за екипаж од тројца и е потенцијално способен да се приклучи на орбитална станица.
Уредот ќе може да работи во орбитата на надморска височина од 400 километри најмалку три дена.
Подготвено до А.Ѓ.