gladni lugje

16.10.2023 Скопје

Од денеска во Скопје започнува хуманитарката акција „Заедно против гладта“, одбележувајќи го Меѓународниот ден на гладта.

Хуманитарната акција „Заедно против гладта“ веќе има поставено 11 собирни пунктови, каде граѓаните, компаниите, организациите може да донираат храна. Локациите се на видливи и препознатливи локации како пред големите маркети или трговски центри.

Дел од експертите на панел-дискусијата на тема „Достоинствен живот или опстанок“ алармираа дека до крајот на 2023 година околу 510 илјади граѓани ќе живеат во умерена сиромаштија, односно со помалку од 200 денари дневно, додека 69 илјади граѓани ќе живеат во крајна сиромаштија, со помалку од 60 денари.

Бранимир Јовановиќ, економски истражувач, порача дека државата мора да ги замрзне цените и да ги држи истите барем половина година за да се спречи инфлацијата. Паралелно со тоа, мора да се зголемат сите примања на луѓето, доколку сака да го ублажи овој пораст.

Подготвено од М.Д.

About Author